Кавани се согласил на помалата плата, само за да дојде во Барселона

Единсон Кавани повторно е опција за засилување на нападот на Барселона, откако новиот тренер Чави Ернандез побара под итно да му биде доведен најмалку еден нов голгетер во јануарскиот преоден рок.

Каталонците сакаат да го ангажираат Феран Торес од Манчестер Сити, но со оглед на финансиските проблеми таа опција е невозможна во јануари, но затоа многу пореално е Кавани да пристигне на „Камп Ноу“. Уругваецот ниту сезонава не добиваше преголема минутажа на „Олд Трафорд“, што е причина за незадоволство и барање за промена на клупските бои.

Според шпанските медиуми, искусниот голгетер се согласил и на намалување на платата во однос на она што го заработува во Јунајтед, само за да добие зелено светло и да се пресели во Барселона.

Конечниот збор ќе го има Ралф Рангник, кој се уште го нема видено уругвајскиот голгетер ниту на тренинг (поради повредата на Кавани), па новиот стратег на Јунајтед ќе треба да пресече, дали ќе смета на Кавани во вториот дел од сезоната или ќе даде зелено светло за неговото заминување од „Олд Трафорд“.

Се вчитува...