Кавани со „седумката“ во Јунајтед, Томас Парти го засили Арсенал

Уругвајскиот напаѓач Единсон Кавани е нов член на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед. Тој доаѓа на „Олд Трафорд“ како слободен агент, потпиша договор до 2022 година и ќе го носи дресот со легендарниот број „7“, кој во минатото го носеле најистакнатите поединци на клубот, како Џорџ Бест, Ерик Кантона, Дејвид Бекам, Кристијано Роналдо.

„Манчестер Јунајтед е еден од најголемите клубови во светот и вистинска чест е да се биде тука. Работев напорно иако немав тим и подготвен сум да го дадам најдоброто за овој неверојатен клуб“, изјави Кавани по официјализирањето на договорот со Јунајтед.

Арсенал плати 50 милиони евра отштета и го реализира трансферот на Томас Парти. Фудбалерот за врска на Атлетико Мадрид беше голема желба на менаџерот Микел Артета, а раководството на Арсенал му ја исполни во последните часови од летниот преоден рок.

Се вчитува...