Кавани за Нејмар: Не мора да се сакаме, треба само да играме заедно

Фудбалерите на ПСЖ веќе го оставија зад себе конфликтот меѓу Единсон Кавани и Нејмар околу изведувањето на пеналот на дербито со Лион, но уругвајскиот ас воопшто не крие дека не е пријателски настроен кон својот соиграч. Нејмар со трансферот на „Паркот на принцовите“ го стави Кавани во заден план, но Уругваецот е дециден дека најважно од се е да се функционира на теренот, а не да се биде пријател со сите тимски колеги.

Такви работи се случуваат во фудбалот, го оставивме тој инцидент зад себе во минатото. Едно треба да е јасно – за да бидеме конкурентен тим не мора да се сакаме, само мораме да бидеме професионалци кога играме заедно. По натпреварите секој си има свој живот што си го тера како што сака. Нејмар не е мој проблем, а јас и тој функционираме добро кога сме на теренот, само тоа е важно“ – изјави Кавани за француските медиуми.

Уругваецот воедно ги демантираше и шпекулациите дека во иднина тој повеќе нема да ги изведува пеналите за „светците“.

Тоа треба да го реши тренерот, што е најдобро за екипата? Како ќе реши Унаи Емери, така ќе биде, но она што јас го знам е дека нема промени во однос на претходните средби“ – истакна Единсон Кавани.

Се вчитува...