Вокер скапо ќе го плати лудувањето со проститутките

Кајл Вокер платил 2.000 фунти за проститутките со кои се забавувал во периодот на самоизолација, но казната што дефанзивецот на Манчестер Сити ќе ја плати за своето непрофесионално однесување е многу, многу повисока. Тој вчера јавно се извини за непромислениот потег, но тоа нема да го спаси од жестока санкција, на клупско и на репрезентативно ниво.

Англискиот првак е подготвен да го казни Вокер со 200.000 фунти, како порака до сите останати дека мерките од британските власти мора максимално да се почитуваат, но репрезентативецот ќе биде уште поригорозно санкциониран од англискиот селектор Герет Саутгејт. Имено, кормиларот на „гордиот албион“ бил шокиран од однесувањето на еден од поискусните фудбалери во тимот, во кого Саутгејт гледал пример за останатите.

Англискиот селектор сега е со став да го избрише Вокер од списокот за репрезентацијата, со што десниот бек дефинитивно нема да настапи ниту на европскиот шампионат што ќе се одржи следното лето. Саутгејт има двајца млади и талентирани фудбалери на таа позиција, Александер Арнолд од Ливерпул и Ван Бисака од Манчестер Јунајтед, што дополнително му ја олеснува одлуката на селекторот.

Се вчитува...