Казорла: Сонувам за уште еден меч како „топчија“

Шпанскиот фудбалер Санти Казорла во моментов настапува за Вилјареал, но ќе остане запаметен и како голем миленик на фудбалерите на Арсенал. Казорла во Лондон беше во периодот од 2012 до 2018 година, но поради многуте повреди за клубот запиша само 129 настапи.

„Не знам дали е можно или не, но пред заминување во пензија сакам да одиграм уште еден меч за Арсенал. Навистина жалам што не се простив со навивачите на достоен начин, тие тоа го заслужуваат“, изјави Казорла. 

Со враќањето во Вилјареал, тој ги остави повредите зад себе. Успеа да забележи 50 настапи, со кои повторно доби повик и во репрезентацијата на Шпанија.

Се вчитува...