Казујоши Миура, фудбалерот кој е постар од ПСЖ и уште игра фудбал

Легендарниот јапонски фудбалер Казујоши Миура стана највозрасниот фудбалер во историјата на Џеј-лигата, откако на 53-годишна возраст настапи за Јокохама. Со тоа го надмина рекордот на Масаши Накајама, кој последен пат заиграл на возраст од 45 години, два месеци и еден ден. Миура тоа го стори на возраст од 53 години и 210 дена.

Интересно е дека Казујоши Миура е роден три години пред формирањето на европскиот вицепрвак Пари Сен Жермен, а уште активно игра фудбал. Тој дебито го имаше во далечната 1986 година.

 

Се вчитува...