Ќе биде чудно: По повеќе од една деценија, „Ел Класико“ без Роналдо и без Меси

Дуелот меѓу Барселона и Реал Мадрид, популарното „Ел Класико“, е најголемиот фудбалски спектакл, а следниот викенд ќе го има своето најново издание. Но, ќе биде скромно, затоа што ќе отсуствуваат досегашните главни актери, Кристијано Роналдо и Лионел Меси. Тоа последен пат се случило пред повеќе од една деценија, поточно на 23.декември 2007 година. Од тогаш, единствено Серхио Рамос и понатаму е член на „кралскиот клуб“.

Португалецот Роналдо ова лето си замина од „Сантијаго Бернабеу“ и го облече дресот на Јувентус. Без него, очигледно е дека Реал Мадрид не е истиот тим. „Кралевите“ се мачат во нападот и бележат очајни резултати.

Лионел Меси и понатаму е во таборот на Барселона, но поради повреда на рамото ќе го пропушти мегадуелот со Реал Мадрид. По повеќе од една деценија, фановите нема да можат да уживаат во настапот ниту на Роналдо, ниту на Меси.

 

Се вчитува...