„Ќе биде многу чудно да се крене трофејот без навивачи“

Англиската Премиер-лига најверојатно ќе продолжи, што значи дека Ливерпул ќе има шанси да ја освои титулата на терен. Прославата за освојување сигурно нема да биде таква каква што посакуваа навивачите на „црвените“, поради пандемијата од коронавирусот. Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон, вели дека би било многу необично трофејот да се подигне без присуство на навивачите.

„Ќе биде многу чудно. Секако дека не е готово. Се уште мораме да играме на високо ниво за да станеме шампиони. Но, ако го освоиме трофејот, ќе мора прославата да биде без навивачи, тоа ќе биде многу чуден момент. Сепак, верувам дека сите заедно ќе го прославиме тој момент, кога сево ова ќе помине и навивачите ќе може да се вратат на стадионите“, изјави Хендерсон. 

Тренинзите во Премиер-лигата почнаа, а фудбалерите во последните неколку дена тренираат во помали групи како би почнал процесот на враќање на фудбалот во Премиер-лигата.

Се вчитува...