Манчестер јунајтед го освои Лига Купот откако во финалето го совлада Њукасл со 2-0 и со тоа ја прекина сушата од шест години без освоен трофеј. .
Португалецот Кристијано Роналдо и покрај неговото заминување од „Олд трафорд“ има право на златен медал за англискиот Лига куп, откако Манчестер јунајтед го освои ова натпреварување, пишуваат британските медиуми.
Британските медиуми се повикуваат на правилата на натпреварување во Лига купот и тврдат дека на златен медал има право на Роналдо кој ја започна сезоната во Манчестер Јунајтед.
Португалскиот фудбалер беше пријавен за ова натпреварување. Сепак, Роналдо не одигра ниту една минута во ова натпреварување во дресот на „црвените ѓаволи“. Според правилата на англискиот Лига куп, Роналдо има право на медал, но конечната одлука ја носи освојувачот на трофејот, т.е. Манчестер Јунајтед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА