Ќе игра за Лацио, ќе зема половина плата од Манчестер Јунајтед

Адреас Переира е најновиот фудбалер на Манчестер јунајтед кој си заминува од клубот во потрага по поголема минутажа. Лацио ќе биде новиот тим на 24-годишниот белгиски фудбалер за врска, откако римскиот клуб се договори со „црвените ѓаволи“ за едногодишна позајмица на Переира.

Солскјер не сметаше сериозно на овој фудбалер, па челниците на Јунајтед дадоа зелено светло за негово заминување, згора на тоа и ќе покријат 50% од платата што Переира ќе ја земе според актуелниот договор со „ѓаволите“. Доколку Белгиецот задоволи со своите настапи, Лацио ќе може целосно да го откупи неговиот договор со премиерлигашот за сума од 27 милиони евра.

За очекување е до крајот на преодниот рок „црвените ѓаволи“ да се ослободат од најмалку уште двајца фудбалери на кои Солскјер не смета за новата сезона, листа на која се наоѓаат Лингард, Смолинг, Џонс, Рохо, Далот и Ромеро.

Се вчитува...