Ќе има ли трет Македонец во Ла Лига? Бетис сака да го купи Стефан Ристовски

Македонскиот фудбалски репрезентативец Стефан Ристовски е трансферна цел на шпанскиот прволигаш Бетис. Тој е голема желба на тренерот Кике Сетиен, кој побарал од раководството на клубот да отпочне преговори за негов ангажман на „Бенито Вилјамарин“.

Ристовски има одлична сезона во дресот на Спортинг Лисабон, со кој настапува и на европска сцена, а тоа го забележаа скаутите на Бетис. Неофицијално, клубот од Севилја е подготвен да плати 5 милиони евра за ангажманот на десниот бек. Доколку овој трансфер се оствари, Стефан Ристовски би бил третиот Македонец во Ла Лига, по Енис Барди во Леванте и Столе Димитриевски во Рајо Ваљекано.

Бетис во моментот се наоѓа на шестата позиција на табелата во Ла Лига и се бори за позициите кои водат во Лигата на шампионите.

Се вчитува...