Ќе му пресуди ли Васоски на „својот“ Вардар!?

Вардар во 28. коло од Првата македонска фудбалска лига денеска на гостувањето против Академија Пандев во Струмица ја има, се чини, последната шанса за бодовно останување во игра со надежта за опстанок во елитното друштво.

„Вардарци“ се соочуваат со тренерот кој ги предводеше до крајот на претходнава година, Александар Васоски кој по заминување од црвено-црните редови го презеде тимот на Академија Пандев. Со пораз се чини тимот кој сега го предводи Никола Илиевски -Џиџи и некогашниот асистент на Васоски, Златко Таневски, нема да има посериозна можност да се извлече од бездната во која е западнат.

По претходното реми со Ренова, вардарци добија доополнителен поттик за позитивен резултат и во Струмица, иако е сосема јасно дека ќе биде повеќе од тешко затоа што и Академија Пандев се уште е во опасната зона и силно ќе атакува на победата.

ПРВА ЛИГА – 28. коло (денеска, 13 ч.)

Струга: СТРУГА ТЛ – ПЕЛИСТЕР

Скопје: РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП

Велес: БОРЕЦ – ШКУПИ

Струмица: БЕЛАСИЦА – ШКЕНДИЈА

Струмица: АК. ПАНДЕВ – ВАРДАР

ВЧЕРА

Тетово: РЕНОВА – СИЛЕКС 2-1

Се вчитува...