Ќе нема фудбал ниту во мај: Премиер-лигата спреми резервен план

Сите натпревари од Премиер-лигата се откажани до 30 април, но на „островот“ не владее оптимизам дека сезоната би можела да продолжи на почетокот од месец мај. Клубовите едногласно се согласија дека шампионатот мора да се доигра, пред се поради пребогатиот ТВ-договор за кој би требале да платат пенали доколку сезоната не биде финиширана.

Сепак, последните информации „од теренот“ говорат дека коронавирусот допрва ќе зема замав во Англија, а до смирување на ситуацијата нема да дојде до почетокот на месец мај. Во една таква ситуација, невозможно ќе биде да се израелизира првичниот план сезоната да продолжи во првиот викенд од мај, но Премиер-лигата веќе има подготвено „план Б“.

Според него, првото коло од продолжението на Премиер-лигата би било закажано за 1 јуни, а целокупната сезона би завршила во следните шест седмици. Во зависност од борбата со коронавирусот ќе биде одлучено дали ќе има навивачи на трибините, иако шансите за такво нешто во моментов се минимални. Натпреварувачката сезона 2020/2021 би почнала на 8 август, со што фудбалерите и клубовите ќе имаат само четири седмици одмор, од финишот на едната до стартот на новата сезона.

Планот е комплетиран, но ќе се почека уште неколку седмици за да се види дали ќе биде неопходно ново продолжение на паузата, по што истиот ќе биде испратен до челниците на ФА, кои мора да го одобрат истиот.

Се вчитува...