Ќе оди во затвор зошто прославил гол како Пол Погба?!

Саудиски фудбалер може да заврши во затвор, затоа што го прослави својот погодок во стилот на Пол Погба. Членот на клубот Ал Најом си направи големи проблеми, а истовремено ја потресе јавноста со својот потег. Тој облик на прослава е стриктно забранет во Саудиска Арабија, откако Националниот одбор за сузбивање на дрогата на иницијативата на владата го оквалификува како симулација на употреба на наркотици.

Минатата година во Саудиска Арабија беше уапсен пејач, кој на концерт симулирал употреба на дрога при својата изведба.

Се вчитува...