Ќе падне ли Шкендија и вторпат сезонава во Кратово!?

По гостинската победа од 0-1 против Ренова на стартот од пролетната сезона, фудбалерите на Силекс засилено мотивирани ја очекуваат дерби пресметката од 20. коло во Првата македонска фудбалска лига со Шкендија.

Кратовци ја препуштаат фаворитската улога на Шкендија, но сосема јасно посакуваат и втора победа сезонава над тетовци…

„Задоволен сум од формата на моите фудбалери, но сепак Шкендија е голем фаворит на мечот. Ја имаат подигнато формата и се гледа дека ќе дадат се од себе да го стигнат Вардар до крајот на сезоната. Силекс како тим оди чекор по чекор. Се уште прва цел ни е опстанок, но ние нема да се предадеме на ниту еден меч и секогаш ќе одиме на освојување бодови. Не сакам да бидам лажно скромен, но се уште не чека голема работа, бидејќи претходните сезони се случувало на шест-седум натпревари до крајот да имаме 11 бода предност во борбата за Европа, а на крај да останеме без неа. Сезоната е долга и има уште многу да се игра“ – вели тренерот на Силекс, Горан Симов.

Во таборот на Шкендија очекуваат тежок дуел во кој само еден потег може да го одлучи победникот.

„Добро знаеме дека Силекс игра одлично. Сигурно повторно на домашен терен ќе атакуваат и на победа. Очекуваме тежок, цврст дуел, кој можеби ќе го одлучи само некој индивидуален потег. Ние секако носиме голем мотив за максимално надигрување“ – вели стратегот на Шкендија, Ернест Ѓока.

ПМФЛ – 20. КОЛО (денеска, 14 ч.)
Тетово: РЕНОВА – СТРУГА ТЛ
Кратово: СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – АК. ПАНДЕВ (13 ч.)
ВЧЕРА
БОРЕЦ – ВАРДАР 0-1

Се вчитува...