Ќе плати 250 евра за бакнување на Кристијано Роналдо

Словенија забележа сензационална победа на пријателскиот меч со Португалија, но дуелот го одбележа и една неочекувана случка, откако еден словенечки навивач влета на теренот, се фотографираше селфи со Кристијано Роналдо, за на крајот да успее и да го бакне големиот ас пред да биде фатен од обезбедувањето.

Тој согласно законите бил пренесен во полициска станица и против него е поднесена и прекршочна пријава. Законите во Словенија велат дека казната за ваков престап се движи меѓу 40 и 1.200 евра, а членови на полицијата за словенечките медиуми објавија колку ќе треба да плати овој навивачот за бакнувањето на Кристијано Роналдо.

„За време на натпреварот е направен само еден инцидент, кога еден навивач втрча на теренот. Луѓето од обезбедувањето го изнесоа од теренот и го предадоа на полицијата, каде веќе е почната постапка против него. Според членот 38 од Законот за јавни собири, казната што му е изречена изнесува 250 евра“, објавија полициските служби“.

Се вчитува...