Кеан понижен од сопствениот тренер на „Олд Трафорд“

Евертон плати богатство за да го доведе Моисес Кеан од Јувентус во својот табор, но младиот Италијанец се соочува со огромни проблеми во својата прва сезона во Премиер-лигата.

Тој ретко добиваше шанса и кај Марко Силва, но дното беше допрено на денешното гостување против Манчестер Јунајтед, на кое Кеан мина само 18 минути на теренот. Привремениот стратег Данкан Фергусон го внесе италијанскиот напаѓач во игра во 70. минута, а откако неколку пати му укажуваше каде да се движи, тој пред крајот на мечот реши да го повлече Кеан од теренот.

Разочарувањето кај младиот фудбалер беше очигледно, па тој со наведната глава се упати кон соблекувалната на „Олд Трафорд“. Останува да се види дали оваа случка само дополнително ќе го забрза заминувањето на Кеан од „Гудисон Парк“.

Се вчитува...