Кедира не мрда од Јуве, договор до 2021 година

Сами Кедира ќе го продолжи својот престој во Јувентус откако германскиот репрезентативец денеска потпиша нов договор со „старата дама“, со важност до 2021 година. Ваквиот исход е изненадувачки ако се знае дека Кедира во изминатиот период беше поврзуван со неколку тимови од Германија, но и со клубови од САД, за тој во последен момент да се премисли и да реши да остане во црно-белиот дрес на најтрофејниот италијански клуб.

За да се искаже важноста на Сами Кедира за Јувентус доволен е само еден податок – откако пристигна во клубот пред три години, тој е играч за врска со најмногу одиграни минути за нашиот клуб, вкупно 8882 во сите натпреварувања. Пресреќни сме што се договоривме, Јувентус и Кедира продолжуваат заедно, со потпишување на договор до 2021 година“ – се пофали италијанскиот првак на својата официјална веб-страница.

Сами Кедира пристигна во Јувентус како слободен играч по истекот на договорот со Реал Мадрид и веднаш се наметна како стандарден првотимец кај тренерот Масимилијано Алегри. Во трите години во кои е член на овој клуб Германецот стигна до три двојни круни во Италија.

Се вчитува...