Ливерпул го презеде врвот во Премиерлигата, барем до следниот натпревар на Манчестер сити, откако триумфираше со 0-1 на гостувањето против Њукасл во 35. коло.
„Црвените“ одиграа одличен натпревар со бројни шанси и за поубедлив триумф, но на крајот до посакуваните три бода дојдоа со само еден погодок.
Триумфот дојде благодарение на одличната акција во 19. минута која луцидно со гол ја заврши Кеита.
Сега Ливерпул е со два бода предност во битката за титула во однос на Манчестер сити, но „граѓаните“ имаат и натпревар помалку.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА