Кејд Канингем е првиот избор на НБА драфтот, Петрушев оди во Филаделфија

Доскорешениот кошаркар на Универзитетот Оклахома Стејт, Кејд Канингем е прв пик на НБА драфтот во 2021 година и заврши во редовите на Детроит пистонс. 19-годишникот Канингем е висок 203 сантиметри и во тимот влегува како освојувач на златниот медал со репрезентацијата на САД до 19 години на Светското првенство.

Како втор пик од страна на Хјустон беше одбран Џејлин Грин, додека Кливленд од третата позиција го одбра Еван Молби. Србинот Филип Петрушев беше одбран како 50. пик од страна на Филаделфија.

Се вчитува...