Кејхил го урна мундијалскиот сон на Сирија

Мундијалскиот сон на Сирија денеска и дефинитивно отиде во неповрат откако оваа селекција загуби на реваншот против Австралија со 2-1, и тоа по продолженија од два пати по 15 минути.

По првиот меч што заврши 1-1, Сиријците неочекувано први поведоа и среде Австралија, но потоа на сцена стапи Тим Кејхил. Австралискиот ветеран уште во првото полувреме израмни на 1-1, за потоа во 109. минута со нов гол со глава да ги однесе „кенгурите“ на СП во Русија.

Се вчитува...