Кејлор Навас ги прекрши сите протоколи, плати 200 000 илјади евра за да си оди во Костарика

Голманот на Пари Сен Жермен, Кејлор Навас во среде светска пандемија на коронависус отпатува од Париз за Костарика затоа што тоа била желба на неговото семејство. Тој и покрај забараната за движење меѓу државите реши да плати приватен лет од 200 000 евра за да ги одведе сопругата и трите деца во родната земја. Навас не ги послуша препораките на француската влада и на неговиот клуб, но желбата му била „сопругата и децата да му бидат мирни“.

Навас и неговото семејство според регулативата во Костарика ќе треба да останат 14 дена во задолжителен карантин. Тој е четвртиот интернационалец кој во тек на пандемијата на коронавирусот си заминува од ПСЖ. Пред него Париз го напуштија Нејмар, Кавани и Тиаго Силва.

Се вчитува...