Кејлор Навас официјално побарал да си оди од Реал Мадрид

Кејлор Навас и официјално побарал да си оди од редовите на Реал Мадрид. Главаната причина е што Навас смета дека треба да биде прв голман, додека изборот на Зинедин Зидан е Белгиецот Куртоа.

Навас не сака уште една сезона да мине на клупа, па побарал да замине. Реал веќе бара негова замена.

Најголем интерес за Навас претходно покажуваше ПСЖ, кој според „Марка“ веќе почнал преговори со голманот. Навас во Реал пристигна во 2014 година од Леванте, откако имаше одлични одбрани за својата репрезентација на СП во Бразил.

Се вчитува...