Кејн, човек на одлука: Кејн не блеска, но победува

Репрезентацијата на Англија воопшто не импресионираше со играта, но сепак успеа да слави над Нов Зеланд со минимални 1-0 на последниот меч што „гордиот албион“ го одигра како загревање за СП 2026.

Селекторот Томас Тухел направи бројни ротации во тимот, шанса за деби доби и младиот Рио Нгумоха од Ливерпул, но англиските фудбалери се мачеа доминацијата и поседот на топката да ги претворат во поубедлива победа.

На крајот, пресуден се покажа погодокот на капитенот Хари Кејн, кој стрелаше прецизно со глава по центаршутот на Спенс во самиот финиш од првото полувреме.

Англија во првото коло од СП 2026 ќе се сретне со селекцијата на Хрватска, по што „гордиот албион“ до крајот на групната фаза ќе ги одмери силите и со Гана и со Панама.

Се вчитува...