Кејн емотивно се збогува со навивачите на Тотенхен

Хари Кејн само формалности го делат да биде официјално претставен како нов фудбалер на Баерн Минхен. Во редовите на гермнаскиот гигант тој пристигнува од Тотенхен каде ја помина целата кариера, место на кое постави нови рекорди и се закити со статус легенда.

Англичанецот емотивно се збогува со навивачите преку видео порака на социјалните мрежи.

„Поздрав до сите. Сакав да бидам првиот што ќе ви кажам, навивачи на Тотенхем, дека денес го напуштам клубот. Јасно е дека многу емоции минуваат низ мене. Тажен сум затоа што го напуштам клубот во кој го поминав речиси 20 години од мојот живот – од 11-годишно момче до 30-годишен маж.

Имаше толку многу убави моменти, посебни спомени кои ќе ги паметам засекогаш. Благодарност до сите мои соиграчи низ годините, тренерите, сите вработени во клубот. Имам изградено посебни врски со многу луѓе. Најголемата благодарност до вас, навивачите на Тотенхем. Од првиот момент кога играв за Тотенхем бев еден од вас, дадов се од себе за да бидете горди и да ви дадам што повеќе посебни моменти и спомени кои се надевам дека ќе траат вечно.

Чувствував дека ова е време да заминам, не сакав да влегувам во сезоната со многу нерешени прашања за иднината. Важно е новиот тренер и играчите да се концентрираат на враќање на Тотенхем на врвот на табелата и во борба за трофеи. На Анже и на момците им посакувам многу среќа во тоа. Ќе ги гледам како фан.

Ова е порака до сите навивачи на Тотенхем ширум светот кои ме поддржаа. Јас и моето семејство никогаш нема да го заборавиме. Среќно за Тотенхем. Ова не е „збогум“ затоа што никогаш не знаеш како ќе се одвиваат работите во иднина, но ова е „благодарам“ и ќе се видиме наскоро“, рече Кејн.

Се вчитува...