Кејн го напаѓа рекордот на Меси

Тотенхем попладнево ќе го пречека Саутемптон во првиот натпревар од 20. коло во Премиер-лигата, дуел што претставува последна можност за Хари Кејн да го стигна рекордот на Лионел Меси за најдобар стрелец во 2017 година.

Аргентинскиот ас во изминативе дванаесет месеци постигна 54 погодоци, додека Кејн со хет-трикот против Барнли стигна до бројката од 53 гола во дресот на Тотенхем и на англиската репрезентација. Дуелот со Саутемптон е последен за „спарси“ сезонава, па јасно е дека Кејн ќе има дополнителен мотив да го достигне остварувањето на Меси.

„Веќе реков, приоритет ми е да ги освојам бодовите со Тотенхем, бидејќи фудбалот сепак е колективен спорт. Свесен сум и за рекордите пред мене и ќе биде убаво ако ги урнам, но најважно од се ми е да го победиме Саутемптон“ – изјави Кејн.

Се вчитува...