Кејн го одби Баерн, сака само во еден клуб

Хари Кејн, долго време беше избор број 1 за напаѓач на Баерн Минхен. „Баварците“ очајно се во потрага по гол машина после заминувањето на Роберт Левандовски во Барселона. Се чинеше дека Англичанецот ќе ги „тресе“ мрежите во Германија, но до тоа веројатно нема да дојде.

Германскиот првак наводно веќе доставил понуда до Тотенхем за неговите услуги, но самиот фудбалер наводно ја одбил, пишува англискиот „Сан“. Кејн го одбил Баерн затоа што сакал само во еден клуб. А тоа не е Реал Мадрид, туку Манчестер Јунајтед.

И Јунајтед е во потрага на голгетер, а Кејн би бил добродојден во таборот на тимот од „Олд Трафорд“. Желба има и од двете страни, сега останува само реализација. Кејн заврши на второто место на листата на стрелците, со само шест голови помалку од Ерлинг Халанд кој беше „кралот“ на стрелците.

Баерн Минхен сега ќе се сврти кон некој од напаѓачите Виктор Осимен, Рандал Коло Муани и Гонзало Рамош. Веројатно Баерн нема да дојде ниту до Душан Влаховиќ, со оглед дека двете понуди до Јувентус биле одбиени.

Се вчитува...