„Кејн и Санчо во моментов се далеку, можно е да нема никакви трансфери на Олд Трафорд“

Милионските трансфери како и тврдењата дека Манчестер Јунајтед би го купил Хари Кејн за 200 милиони евра или Џејдон Санчо за 130 милиони евра во моментов се на ниво на шпекулации. Клубот не ја отфрла заинтересираноста за овие играчи, но моменталната ситуација во светот на фудбалот не дозволува расфрлање со вака огромни суми. Ова е ставот на извршниот потпретседател на Манчестер Јунајтед, Ед Вудворд, човекот од кој зависат клучните одлуки во клубот.

„Никој не треба да биде во илузии за тоа со колкав предизвик се соочува фудбалската индустрија во моментов. Многу клубови нема да се вратат во вообичаената нормала вклучувајќи не и нас. Како и секогаш наш приоритет е успех на тимот, но потребна ни е проценка за ударот што ќе го доживее целата индустрија, важни ќе бидат и тајминзите на трансфер прозорците како и пошироката финансиска слика. Потоа ќе можеме да зборуваме за враќање во нормала“ – изјави Вудворд на отворен форум со навивачите на Манчестер Јунајтед.

Ед Вудворд е една од главните фигури во разговорите во Премиер-лигата, но и на европско ниво околу тоа како фудбалот ќе се соочи со финансискиот удар поради пандемијата на коронавирусот. Манчестер Јунајтед засега не најавува намалување на платите на играчите, ги задржа сите вработени, донираше за здравствениот фонд во Велика Британија, а го понуди и „Олд Трафорд“ за привремена болница.

 

 

 

 

 

Се вчитува...