Кејн извлече бод за Тотенхем во Норвич, Лестер триумфално против Вест Хем

Тотенхем успеа да се спаси од пораз во 20. коло од Премиерлигата ремизирајќи (2-2) на гостувањето против Норвич. Бодот за составот на Жозе Мурињо го извлече Хари Кејн со голот од пенал во 83. минута за конечни 2-2.

Претходно, Вранчиќ во 18. минута донесе водство од 1-0 за домашните, а Ериксен во 55. минута израмни на 1-1. Со автоголот на Серж Орие во 61. минута Норвич повторно поведе, но Кејн донесе реми за Тотенхем.

Лестер, по претходниот убедлив пораз од Ливерпул, се врати на победите триумфирајќи со 1-2 на гостувањето против Вест Хем.

РЕЗУЛТАТИ – 20. КОЛО

Њукасл – Евертон 1-2

Саутемптон – Кристал Палас 1-1

Ватфорд – Астон Вила 3-0

Норвич – Тотенхем 2-2

Вест Хем – Лестер 1-2

Барнли – Манчестер јунајтед (20:45 ч.)

Се вчитува...