Кејн: Ја разбирам нервозата на навивачите, но нема простор да паничиме

Напаѓачот на Англија, Хари Кејн даде своја анализа за поради лошите резултати на репрезентацијата во пресрет на Мундијалот во Катар.

Изминатиот викенд „Гордиот Албион“ загуби од Италија со 1-0 во натпреварот од петтото коло од А дивизијата на Лигата на нации и со тоа испадна во дивизија Б.

„Нема простор за паника, знаеме дека треба да напредуваме. Секако дека ја разбирам нервозата на навивачите. Бев навивач на Англија и сè уште сум. Ако имаме добар турнир, не сум сигурен дали луѓето ќе бидат загрижени за резултатите од овој период. Знам дека мораме да бидеме подобри“, изјави Кејн.

Англија вечерва на „Вембли“ против Германија ќе го одигра последниот натпревар во Лигата на нации. Светското првенство во Катар ќе се одржи од 20 ноември до 18 декември во Катар. Англија ќе игра во групата Б со Иран, САД и Велс.

Се вчитува...