Кејн: Можеме да бидеме уште подобри во нападот

Хари Кејн има причина за задоволство од стартот на авантурата во Баерн Минхен откако англискиот напаѓач со два гола го одбележа својот прв домашен натпревар на „Алијанц Арена“.

Кејн беше најзаслужен за рутинскиот триумф од 3-1 над екипата на Аугсбург, но екс-капитенот на Тотенхем гледа простор за уште поголем напредок во играта во напад на баварскиот гигант.

„Победа на првиот домашен натпревар, тоа секако е добра работа. Создадовме убави шанси, иако требаше имаме уште повеќе, верувам дека имаме голем простор за напредок во завршната третина од теренот, да бидеме поопасни кон противничкиот гол. Поседуваме огромен квалитет, ми се доаша тимскта хемија што владее во Баерн. Лудите недели конечно се зад мене, сега се е позитивно“, изјави Кејн.

Се вчитува...