Кејн нема да игра денес за Тотенхем, а најверојатно ниту викендов!

И понатаму трае сагата околу заминувањето на капитенот на англиската репрезентација, Хари Кејн, од таборот на Тотенхем известуваат дека тој нема да биде во комбинација за денешниот дуел од Конференциската лига против Пакош де Фереира, иако беше најавено дека ќе биде во стартната постава.

Одличниот напаѓач не настапи на стартот од Премиерлигата во триумфот над Манчестер сити (1-0), тимот каде што сака да ја продолжи кариерата во што го спречува управата на лондонскиот тим, која не го дозволува тоа, барем не за сумата која ја даваат „граѓаните“. Тренерот Нуно Еспирито Санто на вчерашната прес-конференција говореше за формата на Кејн, но и за фактот што тој би можел да го пропушти и дуелот против Волверхемптон следниот викенд.

„Не можам да кажам дали Кејн ќе игра против Волвс. Можам да кажам само дека тренира напорно и дека денеска е подобар од вчера, а дека сум сигурен дека утре ќе биде уште подобар. Неговата подготвеност е на високо ниво, ние разговараме секој ден, но што ќе биде од целата ситуација јас искрено не знам“, изјави Санто.

За потсетување, Сити нуди 100 милиони фунти за Кејн, но таа сума засега не е прифатена од управата на Тотнхем.

Се вчитува...