Кејн од пенал извлече реми за Тотенхем, Арсенал промаши пенал за триумф во 91. минута… (ВИДЕО)

Тотенхем и Арсенал ги поделија бодовите во меѓусебната пресметка од 29. коло во Премиер лигата. Ремито од 1-1, домашните го извлекоа благодарение на голот од пенал на Хари Кејн во 74. минута од натпреварот.

Претходно Арон Ремзи уште во 16. минута од натпреварот донесе предност за Арсенал.

„Топчиите“ имаа огромна шанса за триумф, но Обамејанг во 91. минута не реализираше удар од белата точка…

По ова реми, Тотенхем со 61 бод ја зачува предноста на третата позиција во однос на Арсенал од четири бода.

Се вчитува...