Кејн се премисли – останува во Тотенхем

Хари Кејн го промени својот став и нема да инсистира на трансфер во Манчестер Сити до крајот на преодниот рок, откако англискиот голгетер се согласил да остане во Тотенхем и во оваа натпреварувачка сезона. Информација прв ја објави британскиот весник „Дејли Мејл“, а потоа ја потврдија уште неколку медиуми од „островот“, според кои Кејн не сака да ги наруши односите со клубот во кој настапува речиси целата своја кариера.

Ангажманот на овој врвен голгетер беше приоритет на Пеп Гвардиола за летниот преоден рок, откако стратегот на Сити даде зелено светло за заминување на Серхио Агуеро. Кејн не се појави на тренингот на Тотенхем во закажаниот термин како притисок врз управата на „спарси“ да даде зелено светло за негов трансфер во Манчестер, но тоа никогаш не се случи.

Претседателот Леви одби неколку понуди на „граѓаните“, а откако стана јасно дека Тотенхем тешко ќе го промени ставот, Сити побара од Кејн да изврши притисок врз клубот. Голгетерот одбил такво нешто, воопшто и не помислува на официјално барање за трансфер, како завршна капитулација на Сити на помалку од една седмица до крајот на преодниот рок.

Откажувањето на трансферот на Кејн би можело да значи и офанзива по Кристијано Роналдо, кој е незадоволен во Јувентус и би можел да претставува идеално решение за голгетерскиот проблем на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити.

Се вчитува...