Кејн: Совршено се вклопувам во Баерн Минхен

Баерн Минхен повеќе од успешно го започна походот кон новата титула воГерманија. Избраниците на Томас Тухел убедливо како гости го совладаа Вердер, а во центарот на вниманието беше најголемото засилување на Баерн, Хари Кејн.

Англискиот напаѓач постигна гол и запиша асистенција, а по натпреварот го опиша настапот на својот нов тим како „совршен“.

„Чувството е многу добро. Имаше многу разговори откако дојдов во Минхен минатата недела. Едвај чекав да истрчам на теренот. Презадоволен сум што придонесов за добриот старт на тимот. Не можев да се надевам на подобра вечер. Нашиот ривал ни зададе некои проблеми на стартот од вториот дел, но ние останавме мирни. Во последните четири или пет години се враќам се повеќе и повеќе за да ја поврзам играта и мислам дека тоа ќе функционира совршено во Баерн со брзите играчи што ги имаме. Сепак, јас сум прво и основно „деветка“, па се концентрирам на играње во шеснаесетникот. Беше напорна претсезона, мислам дека грчевите пред крајот се израз на тензијата што ја чувствував претходната недела – не само на професионално, туку и на лично ниво“, изјави Кејн.

Се вчитува...