Кејн: Тотенхем мора да промени многу работи за да биде успешен

Најдобриот фудбалер на Тотенхем, Хари Кејн има уште една успешна индивидуална сезона зад себе, но во недостаток од тимскиот успех по новата турболентна сезона. Лондонскиот гигант потфрли и во последниот натпревар против Брентфорд па по поразот од 3-1 сега ќе се бори за место кое води во Конференциската лига.

Кејн не го криеше разочарувањето, но напомена дека ќе даде се од себе за победнички крај на сезоната.

„Фокусиран сум на оваа сезона колку што е можно. Давам се од себе да му помогнам на тимот до самиот крај. Мораме да се обидеме да ја завршиме сезоната победнички. Летото е пред нас и мораме многу работи да промениме за повторно да бидеме успешни“, изјави Кејн.

Се вчитува...