Кејн урива рекорди како од шега, а зема помала плата од Милнер, Бентеке, Харт…

Хари Кејн прераснува во еден од најдобрите светски голгетери откако урна неколку рекорди во 2017 година и покажа дека неслучајно Реал Мадрид и Манчестер јунајтед подготвуваат мегапонуди за да го доведат во своите редови. Англискиот репрезентативец засега останува лојален на Тотенхем, но раководството на Тотенхем ќе мора час поскоро да го награди Кејн со далеку побогат договор, во ситуација кога Реал Мадрид и Манчестер јунајтед подготвуваат мегапонуди за неговите услуги.

Изненадувачки делува фактот дека Кејн, иако во последните три години три пати потпишуваше три нови договори, е предалеку од врвот на листата од најплатени фудбалери во Премиер-лигата. Тој заработува „само“ 110.000 фунти неделно, со што се наоѓа на делба на 35. место на оваа ранг-листа, рамо до рамо со Нголо Канте, Сеад Колашинац и Ешли Јанг. Само за споредба, пред Кејн на листата на најплатени премиерлигашки фудбалери се наоѓаат и играчи како Крис Смолинг, Џејмс Милнер, Џо Харт и Кристијан Бентеке (120.000 фунти неделно), Лук Шо (130.000 фунти неделно), Даниел Стариџ (150.000 фунти неделно), а далеку пред Кејн се водечките Пол Погба со 290.000 фунти и Ромелу Лукаку со 250.000 фунти неделна плата.

Претседателот Даниел Леви најави дека наскоро ќе почне преговори за да ја „исправи неправдата“ и да му даде ново зголемување на платата на Кејн, но на крајот ќе пресуди и желбата на самиот фудбалер, дали ќе остане лојален на Тотенхем или ќе се реши за нов предизвик во кариерата.

Се вчитува...