„Кенгурите“ ја растурија Аргентина и испратија предупредување до Американците

 Австралија е последниот полуфиналист на кошаркарскиот турнир на ОИ во Токио, откако „кенгурите“ попладнево неочекувано лесно ја демолираа Арентина со 97-59. Извонредното издание на оваа репрезентација воедно е и предупредување до селекцијата на САД, која ќе биде нивни ривал во полуфиналето од овие Олимписки Игри.

Аргентинците одиграа на посакуваното ниво само во првата четвртина што ја добија со 18-22. Остатокот од мечот мина во целосна доминација на австралиските кошаркари, кои славеа во вториот период со 22-11, а потоа на самиот почеток од второто полувреме направија одлична серија со која го решија прашањето на победникот. Аргентинскиот селектор задоцни со тајмаутот, неговата селекција веќе беше нокаутирана, па Австралија до крајот само ја зголеми предноста до неверојатните „плус 38“.

Пети Милс беше прв стрелец на Австралија со 18 поени, по 12 постигнаа Лендејл и Тибул, додека кај Аргентина најефикасни денеска беа Лапровитола со 16 и Дек со 12 поени.

Се вчитува...