Кени Далглиш отпуштен од болница

Легендарниот фудбалер и менаџер на Ливерпул, Кени Далглиш, е отпуштен од болница откако во средата беше хоспитализиран поради позитивниот тест на коронавирусот. Тој бил третирал интревенозно со антибиотици и лекарите процениле дека 69-годишниот Далглиш може да замине на домашно лекување. Во наредниот период ќе мора да остане во самоизолација.

„Лекарите се апсолутно брилијантни. Луѓето често мислат дека познатите добиваат подобар третман во здравствените установи, но јас можам да ве уверам дека секој човек е максимално згрижен во болниците“, изјави Кени Далглиш.

 

 

Се вчитува...