Кени Далглиш позитивен на коронавирус

Легендарниот фудбалер на Ливерпул Кени Далглиш е позитивен на коронавирус, пренесуваат британските медиуми. Далглиш во средата бил пренесен во болница како би бил тестиран иако немал симптоми на грипот.

„Следејќи ги процедурите од здравствените работници, тој беше тестиран иако немаше симптоми на болеста или на било каков грип.  Тестот беше позитивен, по што беше задржан во болница. Тој се чувствува добро и нема никакви компликации“, стои во официјалното соопштение. 

Сер Кени Далглиш го носеше дресот на Ливерпул од 1977 до 1990 година, период во кој шест пати ја освојуваше англиската лига и трипати Купот на европските шампиони.

Се вчитува...