Кенијката Тироп постави нов светски рекорд на 10 километри

Кенијката Агнес Чебет Тироп постави нов светски рекорд на 10 километри на друмска трка. На „АДИЗЕРО“ трката која е под покровителство на компанијата за спортска опрема „адидас“, Тироп делницата ја помина за време од 30:01 минути што беше за цели 28 секунди побрзо од досегашниот рекорд кој од 2017 година го држеше Мароканката Асме Легзаи.

На истиот митинг беше урнат и светскиот рекорд на 5 километри од страна на Етиопијката Сенбере Тефири која делницата ја помина за време од 14:29 минути.

 

Се вчитува...