Поранешна светска рекордерка пронајдена мртва

Кениската атлетичарка Агнес Тироп е пронајдена мртва во својот стан. Како што пренесуваат локалните медиуми најверојатно се работи за самоубиство. 25-годишната Кенијка пред само еден месец го урна светскиот рекорд на улична трка на 10 километри.

Таа во германскиот Херцонгенхран истрча време од 30:01 минути што беше доволно за ново најдобро постигнување на сите времиња. Сепак, нејзиниот рекорд траеше нешто помалку од месец дена бидејќи минатата недела на трката во Женева, Гезање од Бахраин го поправи ова остварување за 33 секунди.

На тартанот Тироп најголемите успеси ги имаше на светските првенства во Лондон 2017 година и Доха 2019 година кога го освојуваше бронзениот медал на 10.000 метри. На годинешните олимписки игри во Токио го освои четвртото место на истата делница.

 

Се вчитува...