Кепа може да си ги пакува куферите: Челси го договори трансферот на Онана

Челси го договори трансферот на камерунскиот голман Андре Онана. 23-годишниот голман го напушти Ајакс во јуни и се сели на „Стемфорд бриџ“. Сето тоа е веќе договорено меѓу двата клуба и Камерунецот.

Онана во Челси треба да биде замена за оваа сезона очајниот Кепа Аризабалага. Иако го носи епитетот најскап голман во светот, Шпанецот сезонава брани очајно па оттаму и одлуката за нов чувар на мрежата.

Челси за Онана ќе издвои 40 милиони евра. Интерес за камерунскиот голман претходно покажуваа и ПСЖ и Барселона, но Ајакс секако ја одбра финансиски најповолната понуда.

Се вчитува...