Керик: Прво нека дојде недела, па после ќе размислувам што ќе се случи во понеделник

Привремениот менаџер на Манчестер Јунајтед, Мајкл Керик изјави дека е фокусиран само на претстојниот натпревар против Челси, и дека не размислува многу за тоа колку долго ќе остане на клупата на тимот од „Олд Трафорд“.

Тој ги предводеше „црвените ѓаволи“ до победа над Виљареал во првиот меч од ЛШ, а сега го чека голем предизвик во Премиер-лигата.

Керик даде свој коментар за тоа дали промената на тренерот може да има позитивен исход за тимот од Манчестер.

„Можно е. Понекогаш не се работи за идеи, туку за друг глас. А се случува да нема промена. Ќе видиме што ќе се случи овде“.

Мајкл проговори и за информациите околу Ралф Рангник, за кој се вели дека ќе пристигне наскоро на „Олд Трафорд“.

„Ова се шпекулации и гласини. Мислам само на играта“, потенцираше Керик.

Младиот тренер истакна дека не размислува премногу за иднината.

„Фокусиран сум на подготовка на тимот. Имам огромна одговорност во моментов, но ајде да почекаме да дојде недела. Не размислувам што ќе се случи во понеделник“, заклучи привремениот тренер на ‘црвените ѓаволи’.

Се вчитува...