Кевин Дурант го шокираше светот – Каде ќе ја продолжи кариерата еден од најдобрите?

Еден од најдобрите кошаркари на денешницата, Кевин Дурант, побара „трејд“ што значи дека ќе ја напушти франшизата на Бруклин Нетс. Нема тим во НБА кој не би сакал да го има Дурант во своите редови, а голем дел од нив ќе се обидат да го доведат преку размена бидејќи тој има уште една година од договорот со Нетс.

Бруклин минатата сезона ја почна со трите ѕвезди, Дурант-Ирвинг-Харден, но очигледно дека на стартот на следната ќе нема ниту една од нив. Харден веќе замина во Филаделфија, Дурант дефинитивно ќе ги напушти, а на излезна врата е и Ирвинг.

Прв фаворит за потписот на Дурант е Феникс Санс кој би направи мега тим заедно со Букер и Пол. Втор клуб на радарот на Дурант е Мајами хит кој веројатно ќе мора да го даде „ол-стар“ центарот Бем Адебајо. Исто така дел од фаворитите за потпис на одличнот крило се и: Њу Орлеанс, Бостон и Портланд.

Се вчитува...