КФМ: Без публика на мечот со Словачка

Македонската кошаркарска репрезентација денеска од 19 часот го игра последниот натпревар од претквалификациите за Светското првенство 2023, меч во кој силите ќе си ги одмериме со Словачка.

За разлика од претходните два натпревара, овој пат присуство на публика во СЦ „Јане Сандански“ нема да биде дозволено како дел од препораките за заштита од Ковид-19 на Влдата на РМ, информираат од „куќата на кошарката“.

„Последниот натпревар од претквалификацискиот турнир за пласман на Светскиот Куп во 2023 година, на кој вечерва од 19.часот, се среќаваат селекциите на Македонија и на Словачка, ќе се игра без присуство на публика во салата на СЦ „Јане Сандански“.

Македонската кошаркарска федерација направи се за да добие дозвола за организација на овој последен натпревар од претквалификациите со присуство на гледачи, Иискрено жалиме поради одлуката овој важен натпревар да се одигра без присуство на гледачи.

По добивањето на препораките, односно најновите мерки за заштита од Ковид-19, донесени од страна на здравствените и државни авторитети, федерцијата одлучи дека стриктно ќе ги почитува најновите одлуки кои се однесуваат на протоколите за организација на официјални натпревари во затворен простор“, стои во соопштението на кошаркарската федерација.

Се вчитува...