КФМ се огради од одговорност за забраната на „Фантоми“ да гостуваат во Скопје

Кошаркарската федерација на Македонија преку соопштение му одговори на Кошаркарскиот клуб Кожув во врска со случувањата пред натпреварот од Суперкупот на Македонија кога на гевгелиските навивачи не им беше дозволено да присустуваат на средбата во главниот град.

КФМ се огради од одговорност велејќи дека и покрај тоа што не биле запазени препозициите (пријава на навивачка група најдоцна 72 часа пред почетокот на натпреварот) биле направени напори за гостински навивачи, но конечната одлука паднала на Министерството за внатрешни работи.

„И покрај пропозициската обврска на гостинскиот клуб (КК „Кожув“) да ја пријави навивачката група најдоцна 72 часа пред натпреварот, пријавата беше доставена околу 30 часа пред почетокот. Федерацијата во целост ги превзеде сите активности за организација, а натпреварот беше уредно пријавен.

Сепак, МКФ не носи никаква одговорност за одлуката за враќање на навивачите – конечната процена на безбедносните ризици е во исклучива надлежност на органите кои ги донесуваат тие одлуки.

Воедно, МКФ ја користи оваа прилика да ги поздрави сите љубители на кошарката и спортот воопшто, охрабрувајќи ги да продолжат да ја следат играта со фер-плеј и позитивна енергија.

Со почит,
Македонска кошаркарска федерација“, стои во дел од соопштението на КФМ.

Се вчитува...