Киелце подобар од Кил, ПСЖ без грешка против Загреб

Киелце стигна до втората победа во низа во Лигата на Шампионите откако во еден од најинтересните натпревари од 4. коло славеше со 40-37 против германски Кил. Победникот беше решен во самиот финиш на мечот во кој полскиот тим со серија од 3-0 стигна до посакувната победа.

На победа се радуваше и ПСЖ кој на домашен терен со совлада Загреб со убедливи 40-31. Парижани беа убедливи од самиот почеток на мечот, веќе на полувремето имаа убедлива предност и истата ја задржа до самиот крај.

Се вчитува...