Украина и официјално им забрани на своите спортисти да се натпреваруваат на настани на кои ќе учествуваат и спортисти од Русија и од Белорусија.
Уредбата во текот на вечерта беше објавена на веб-страницата на Министерството за Спорт, потпишана од Министерот Матвиј Бидни, а во неа јасно стои дека националните спорти тимови не смеат да се натпреваруваат на олимписки, параолимписки или други спортски настани на кои ќе учествуваат спортисти од Русија и Белорусија.
Оваа одлука доаѓа како одговор на реакцијата на Меѓународниот Олимписки Комитет, кој им дозволи на руските и на белоруските спортисти да се натпреваруваат под неутрално знаме.
Украинските власти во изминатите недели ги предупредуваа челниците на федерациите дека ќе им биде одземен статусот ако нивните спортисти на меѓународната сцена се натпреваруваат со Руси и Белоруси. Ваквите закани наидоа на критики од самите спортисти, но со најновата законска уредба проблемот уште повеќе се продлабочува.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА