„Кикс“ на Арсенал, Манчестер Сити повторно шампион! (ВИДЕО)

Манчестер Сити и официјално е нов шампион на Англија, откако вечерва Арсенал загуби на гостувањето кај Нотингем Форест со 1-0. Со тоа „топчиите“ сега имаат уште еден меч до крајот и заостануваат четири бода од Сити, кој има уште три меча до крајот на првенството.

Херој на Нотингем беше Авонији кој во 19. минута погоди во мрежата на Арсенал, а воедно Форест си го обезбеди својот опстанок во Премиерлигата.

Се вчитува...